10 Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: ‘Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сè што Ми е по волја.’
11 Од исток ја повикувам грабливата птица, од далечна земја го повикувам човекот на Својот наум. Реков - ќе исполнам, наумив - ќе извршам.
12 Слушајте Ме, вие кои ја губите смелоста и кои сте далеку од победата.
13 Ја приближувам Својата победа, не е веќе далеку, Моето спасение не ќе се забави. Ќе го ставам спасението на Сион, Својата Слава во Израел.