Исаија 46:6-12 MKB

6 Вадат злато од ќесето, и со мерилка мерат сребро, па немаат златар да направи бог од него, па пред него паѓаат ничкум и му се клањаат.

7 Го креваат на рамо и го носат, тогаш го ставаат на неговото место; тој стои и не се помрднува од него. Го повикуваат, тој не одговара, и никого не го спасува од неговата неволја.

8 Спомнете си за тоа и бидете луѓе, земете го тоа на срце, отпадници,

9 спомнете си за минатото: Јас Сум Бог, и нема друг Бог, никој не Ми е сличен!

10 Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: ‘Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам сè што Ми е по волја.’

11 Од исток ја повикувам грабливата птица, од далечна земја го повикувам човекот на Својот наум. Реков - ќе исполнам, наумив - ќе извршам.

12 Слушајте Ме, вие кои ја губите смелоста и кои сте далеку од победата.