10 Ете, те исчистив како сребро, те искушав во топилницата на неволјата.
11 Зради Себе правев така, заради Себе! Па зар Моето Име да биде обесветено? Својата слава не му ја давам на друг!
12 Чуј ме, Јакове, Израеле, кого го, повикав: Јас Сум истиот, Јас Сум првиот, Јас Сум и последниот.
13 Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница ги оптегна небесата. Само да ги повикам и доаѓаат веднаш.
14 Соберете ги сите и чујте: кој од нив го прорече тоа? Оној кого го љуби Господ ќе ја исполни Мојата волја над Вавилон и над потомството на Халдејците.
15 Јас реков и го повикав, го водев и му помогнав на наумот.
16 Пристапете кон Мене и чујте го ова: Од почеток не ви зборував тајно, и кога се збиднуваше, бев таму. - А сега Господ Господ ме испраќа со Својот Дух.”