Исаија 48:16-22 MKB

16 Пристапете кон Мене и чујте го ова: Од почеток не ви зборував тајно, и кога се збиднуваше, бев таму. - А сега Господ Господ ме испраќа со Својот Дух.”

17 Вака зборува Господ, твојот Искупител, Израелевиот Светец: „Јас Господ, твојот Бог, те учам за твое добро, те водам по патот по кој треба да одиш.

18 О, да внимаваше на Моите заповеди, твојот мир ќе беше како река, а твојата правда како морски бранови!

19 Твоето потомство ќе беше како песок, а породот на твојата утроба како неговите зрнца! Никогаш твоето име не ќе се сотреше, ниту ќе се избришеше пред Мене!”

20 Излезете од Вавилон, бегајте од Халдеја! Воскликнувајќи гласно, кажувајте, проповедајте, разгласете до крајот на земјата! Говорете: „Господ го откупи Својот слуга Јакова!”

21 Не жеднуваа додека ги водеше низ пустината; од стената извлече вода за нив, го расцепи каменот и потече вода.

22 „Нема мир за безбожниците,” вели Господ.