2 Зашто вие се наречувате по Светиот Град и се потпирате на Израелевиот Бог, Господ на Силите Му е Името.
3 Минатите настани ги навестив одамна, излегоа од Мојата уста, и Јас ги објавив, направив брзо, и се збидна.
4 Зашто знаев дека ти си корав, дека вратот ти е железна жила и дека челото ти е бакарно.
5 Затоа веќе тогаш ти навестив, ти јавив пред да се збидне за да не речеш: ‘Мојот кип го направи тоа, мојот делкан лик и одлеаниот идол заповедаа така!’
6 Го чу и го виде сè тоа, зар не признаваш? А сега ќе ти навестам нешто ново, тајно што уште не го знаеше;
7 во овој миг е создадено, а не одамна, за тоа досега ништо не си чул, за да не речеш: ‘Знаев.’
8 Не чу за тоа ниту знаеше, ниту твоето уво се отвори порано, зашто знаев дека ќе изневериш и дека те викаат отпадник од мајчината утроба.