6 Го чу и го виде сè тоа, зар не признаваш? А сега ќе ти навестам нешто ново, тајно што уште не го знаеше;
7 во овој миг е создадено, а не одамна, за тоа досега ништо не си чул, за да не речеш: ‘Знаев.’
8 Не чу за тоа ниту знаеше, ниту твоето уво се отвори порано, зашто знаев дека ќе изневериш и дека те викаат отпадник од мајчината утроба.
9 Заради Своето име го одлагав Својот гнев, заради Својата слава се воздржував да не те уништам.
10 Ете, те исчистив како сребро, те искушав во топилницата на неволјата.
11 Зради Себе правев така, заради Себе! Па зар Моето Име да биде обесветено? Својата слава не му ја давам на друг!
12 Чуј ме, Јакове, Израеле, кого го, повикав: Јас Сум истиот, Јас Сум првиот, Јас Сум и последниот.