8 Близу е оној Кој ми дава право. Кој ќе се правда со мене? Да излеземе заедно! Кој е мојот противник во парницата? Нека ми се приближи!
9 Ете, Господ Бог ми помага, кој ќе ме осуди? Сите тие ќе се истенчат како облека, молец ќе ги изеде.
10 Кој од вас се бои од Господа, нека го послуша гласот на Неговиот слуга! Кој оди во темнина, без зрак на светлина нека се надева на Господовото име, нека се потпре на својот Бог.
11 Но сите вие палите оган, ја распалувате жарта. Одете во пламенот на својот оган, и во жарта што ја распаливте. Мојата рака ќе ви направи така: ќе лежите во маки.