Исаија 54:1-6 MKB

1 „Воскликнувај неротко, која не си раѓала; подвикнувај од радост, ти што не знаеш за породилните болки! Зашто осамената има повеќе деца отколку омажената,” вели Господ.

2 „Рашири го просторот на својот шатор распростри го, не штеди го платното на своето живеалиште, продолжи му ги јажињата, зацврсти ги колчињата,

3 зашто ќе се прошириш десно и лево. Твоето потомство ќе завладее над народите, и ќе ги насели запустените градови.

4 Не бој се, нема да се посрамиш, не срами се, не ќе црвенееш. Ќе го заборавиш срамот на својата младост и веќе нема да си спомнуваш за подбивот на своето вдовство.

5 Зашто сопруг ти е твојот Творец, името Му е Господ над Воинствата, твој Искупител е Израелевиот Светец, Тој се вика Бог на целата земја.

6 Да, како оставена жена, натажена во душата, Господ те повика. Не смее да се отпушти жената на својата младост,” говори твојот Бог.