Исаија 54:7-13 MKB

7 „Те оставив тебе за краток миг, но пак ќе те прегрнам со голема милост.

8 При изблик на гнев, за миг го скрив Своето лице од тебе, но ти се смилував со вечна љубов, зборува Господ твојот Искупител.

9 Ќе ми биде како за време на Ноевите денови, кога се заколнав дека Ноевите води нема да ја преплават веќе земјата; така се заколнувам дека веќе нема да се срдам на тебе ниту ќе ти се заканувам.

10 Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот,” вели Господ Кој ти се смилува.

11 „О неволнице, виорена од виор, неутешлива, ете, ќе ги поставам врз смарагд твоите камења и врз сапфир твоите основи.

12 Ќе ги направам од рубин твоите стражарници, твојата врата од проѕирен бесценет камен, твоите огради од скапоцен камен.

13 Сите Господови синови ќе ти бидат ученици, и голема ќе биде среќата на твоите деца.