Исаија 55:1-7 MKB

1 „О сите вие, кои сте жедни, дојдете при водите; ако и немате сребреници, дојдете, купете и јадете. Да, дојдете, купете вино и млеко, без сребреници и без плаќање!

2 Зошто да ги трошите сребрениците за она што не е леб, и својата надница за она што не сити? Послушајте Ме Мене, и ќе јадете добро, и ќе уживате во сочни јадења.

3 Приклонете го увото и дојдете при Мене, послушајте Ме, и душата ќе ви живее. Ќе склучам со вас вечен Завет, Завет на милости, ветени на Давида.

4 Еве, те направив сведок на племињата, кнез и заповедник на народите.

5 Еве, ќе повикаш народ кого не го познаваш, и народ што не те знае ќе дотрча при тебе заради Господа, твојот Бог, и заради Израелевиот Светец, зашто Тој те прослави.”

6 Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу!

7 Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето.