3 Приклонете го увото и дојдете при Мене, послушајте Ме, и душата ќе ви живее. Ќе склучам со вас вечен Завет, Завет на милости, ветени на Давида.
4 Еве, те направив сведок на племињата, кнез и заповедник на народите.
5 Еве, ќе повикаш народ кого не го познаваш, и народ што не те знае ќе дотрча при тебе заради Господа, твојот Бог, и заради Израелевиот Светец, зашто Тој те прослави.”
6 Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу!
7 Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето.
8 „Зашто вашите мисли не се Мои мисли, и Моите патишта не се ваши патишта,” слово е Господово.
9 „Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта, и Моите мисли над вашите мисли.