1 Не, не е прекратка Господовата рака за да спаси, ниту увото Му заглувна за да не чуе,
2 туку вашите беззаконија создадоа разделба, меѓу вас и вашиот Бог. Вашите гревови го сокрија Неговото лице, и Тој веќе не ве слуша.
3 Зашто вашите раце се облеани со крв, а вашите прсти во злостори. усните ви изговараат лага, а јазикот произнесува неправда.
4 Никој не подига глас за правда, ниту некој се застапува за вистина. Се надеваат во ништожество, кажуваат лага, зачнуваат злоба, а раѓаат беззаконие.