10 Пипаме како слепци вдолж по ѕидот, тапкаме како без очи. Се сопнуваме на пладне како во примрак, сосем здрави, како да сме мртви.
11 Сите ‘ржиме како мечки, и стенкаме тажно како гулаби. Го чекавме судот, а него го нема, и спасението - далеку е од нас.
12 Зашто се многу нашите престапи пред Тебе, и нашите гревови сведочат против нас. Навистина, нашите престапи се пред нас, ние ја знаеме нашата вина;
13 се побунивме и Го одрековме Господа, се одметнавме од својот Бог, зборувавме подмолно, одметнички, мрморевме лажливи зборови во срцето.
14 Така е истиснато правосудството, и правдата стои далеку. Зашто вистината се сопна на раскрсниците, и нема веќе пристап кон чесноста.
15 Вистината исчезна, а кој се отстранува од злото, ќе биде пленет. Господ гледа, и не Му е мило зашто нема правда.
16 Виде дека нема човек, се зачуди дека нема посредник. Тогаш Му помогна Неговата мишка и Неговата правда Го потпре.