Исаија 59:14-20 MKB

14 Така е истиснато правосудството, и правдата стои далеку. Зашто вистината се сопна на раскрсниците, и нема веќе пристап кон чесноста.

15 Вистината исчезна, а кој се отстранува од злото, ќе биде пленет. Господ гледа, и не Му е мило зашто нема правда.

16 Виде дека нема човек, се зачуди дека нема посредник. Тогаш Му помогна Неговата мишка и Неговата правда Го потпре.

17 Ја облече праведноста како оклоп, го стави на главата шлемот на спасението. Со одмаздата се облече како со облека, со ревноста се наметна како со наметка.

18 Ќе му врати секому според неговите дела: Својот гнев на противниците, одмазда на непријателите.

19 Од запад ќе се исплашат од Господовото Име и Неговата Слава од сончевиот исток. Зашто ќе дојде како пороен поток, тласкан од Господовиот здив.

20 Но ќе му дојде Искупител на Сион, и на оние од Јакововите синови кои ќе се обратат од своето отпадништво,” слово е Господово.