Исаија 59:8-14 MKB

8 Тие не го познаваат патот на мирот, нема правда на нивните патеки. Ги искривија своите патишта, кој тргнува по нив, не го познава мирот.

9 Затоа правото се оддалечи од нас, затоа правдата не достига до нас. & се надевавме на светлината, а тоа темнина; и на виделото, а тоа одиме во мрак.

10 Пипаме како слепци вдолж по ѕидот, тапкаме како без очи. Се сопнуваме на пладне како во примрак, сосем здрави, како да сме мртви.

11 Сите ‘ржиме како мечки, и стенкаме тажно како гулаби. Го чекавме судот, а него го нема, и спасението - далеку е од нас.

12 Зашто се многу нашите престапи пред Тебе, и нашите гревови сведочат против нас. Навистина, нашите престапи се пред нас, ние ја знаеме нашата вина;

13 се побунивме и Го одрековме Господа, се одметнавме од својот Бог, зборувавме подмолно, одметнички, мрморевме лажливи зборови во срцето.

14 Така е истиснато правосудството, и правдата стои далеку. Зашто вистината се сопна на раскрсниците, и нема веќе пристап кон чесноста.