Исаија 6:4-10 MKB

4 Од грмливите гласови на оние кои воскликнуваа се стресоа довратниците на праговите, а Домот се исполни со дим.

5 Реков: „Тешко мене, пропаднав, зашто сум човек со нечисти усни, живеам во народ со нечисти усни, а моите очи Го видоа Царот, Господ над Војските!”

6 Еден од серафимите долета кон мене: во рацете имаше жар што го зеде со клешти од жртвеникот;

7 се допре со неа до мојата уста и рече: „Еве, ги допре твоите усни, вината ти е симната и гревот очистен.”

8 Тогаш го чув Господовиот глас: „Кого да испратам? И кој ќе ја однесе нашата порака?” Јас реков: „Еве ме, испрати ме мене!”

9 Тој одговори: „Отиди и речи му на тој народ: ‘Со уши ќе слушате, но нема да разбирате, и со очите ќе гледате, но нема да видите.’

10 „Закорави му го срцето на овој народ, заглуши му ги ушите, заслепи му ги очите, да не гледа со очите, да не слуша со ушите и да не разбира со срцето, и да не се обрати и да не се излекува.”