Исаија 61:1-6 MKB

1 „Духот на Господа Бога е на Мене, зашто Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна Вест на бедните, да ги излечам скршените срца; да им проповедам слобода на заробениците и ослободување на оние во темница;

2 да ја навестам годината на Господовата милост и денот на одмаздата на нашиот Бог;

3 да ги развеселам натажените на Сион и да им дадам венец место пепел, масло на радост место облека на жалост, песна благодарница место очаен дух. И ќе ги викаат Дрвја на Правдата, Господов Расад - за Негова слава.

4 Тие повторно ќе ги кренат старите урнатини, ќе ги подигнат пак запустените места, урнатините и минатите поколенија.”

5 Туѓинците ќе дојдат за да ги пасат стадата, странци ќе ви бидат земјоделци и лозари.

6 А вас ќе ве викаат: „Господови Свештеници,” ќе ве наречуваат: „Служители на нашиот Бог.” Ќе ги уживате богатствата на народите, ќе се гордеете со нивните блага.