Исаија 61:3-9 MKB

3 да ги развеселам натажените на Сион и да им дадам венец место пепел, масло на радост место облека на жалост, песна благодарница место очаен дух. И ќе ги викаат Дрвја на Правдата, Господов Расад - за Негова слава.

4 Тие повторно ќе ги кренат старите урнатини, ќе ги подигнат пак запустените места, урнатините и минатите поколенија.”

5 Туѓинците ќе дојдат за да ги пасат стадата, странци ќе ви бидат земјоделци и лозари.

6 А вас ќе ве викаат: „Господови Свештеници,” ќе ве наречуваат: „Служители на нашиот Бог.” Ќе ги уживате богатствата на народите, ќе се гордеете со нивните блага.

7 Двоен беше нивниот срам - ругањето и презирот им беа наследство - затоа ќе наследат двојно во својата земја, нивната радост ќе биде вечна.

8 „Зашто Јас, Господ, ја љубам правдата, а го мразам неправедниот грабеж. Ќе ги наградам верно и ќе склучам со нив вечен Завет.

9 Славно ќе им биде семето меѓу племињата и потомството меѓу народите. Секој кој ќе ги види, ќе препознае дека се семе што Господ го благослови.”