8 „Зашто Јас, Господ, ја љубам правдата, а го мразам неправедниот грабеж. Ќе ги наградам верно и ќе склучам со нив вечен Завет.
9 Славно ќе им биде семето меѓу племињата и потомството меѓу народите. Секој кој ќе ги види, ќе препознае дека се семе што Господ го благослови.”
10 Со голема радост се радувам во Господа, мојата душа воскликнува кон мојот Бог, зашто ме облече со облека на спасението, ме наметна со плаштот на праведноста, како младоженец кога ќе си стави венец или невеста кога ќе се украси со накит.
11 Како што земјата ги никнува своите растенија, како што во градината никнува семето, Господ ќе направи да никне правдата и пофалбата пред сите народи.