Исаија 62:1-6 MKB

1 За љубов на Сион не ќе молчам, заради Ерусалим не ќе мирувам, додека неговата правда не засвети како светлина, додека неговото спасение не пламне како светилник.

2 И народите ќе ја видат твојата праведност, и твојата слава - сите цареви; ќе те наречат со ново име, што ќе го одреди Господовата уста.

3 Ќе бидеш прекрасен венец во Господовата рака, и царски венец на дланката на својот Бог.

4 Не ќе те наречуваат веќе Оставена, ни твојата земја Запустена, туку ќе те викаат Моја Милина, а твојата земја -Венчана, зашто ти си Господова милозливост, и твојата земја ќе има сопруг.

5 Како што младецот се жени со девица, така синовите ќе се оженат за тебе, и како што младоженецот и се радува на невестата, твојот Бог ќе ти се радува тебе.

6 Ерусалиме, на твоите ѕидови поставив стражари: ни дење ни ноќе не смеат да замолчат. О вие кои Го споменувате Господа, нема почивка за вас!