Исаија 62:7-12 MKB

7 И не му давајте мир додека не го обнови Ерусалим, додека пак не го направи славен на земјата.

8 Господ се заколна во десницата и во својата силна мишка: „Нема веќе да го дадам твоето жито за храна на непријателите. Нема веќе туѓинците да го пијат твоето вино за кое се трудеше.

9 Нека го јадат оние што го жниеја, и нека Го фалат Господа, нека го пијат, оние што го береа, во дворот на Моето Светилиште!”

10 Поминете, поминете низ вратата, израмнете му го патот на народот. Насипете го, насипете го патот, отстранете ги камењата од него, подигнете им знаме на народите!

11 Еве, Господ прогласува: до крајот на земјата: „Речете и на Сионската Ќерка: ‘Еве, твојот Спасител доаѓа. Еве, со Него Неговата плата, и Неговата награда пред Него!’”

12 Тие ќе се наречуваат „Свет народ”, „Господови искупеници.” А тебе ќе те викаат: „Бараниот” - „Неоставениот Град.”