1 „Ме побараа, кои не прашуваа за Мене, Ме најдоа, кои не Ме бараа; му реков: ‘Еве Ме! Еве Ме!’ на народ, кој не го повикуваше Моето Име.
2 Секогаш ги испружував рацете кон бунтовничкиот народ, кој оди по лош пат, по своите мисли,
3 на народ што непрекратно Ме расрдува во лице: жртвуваат по градините, кадат на плитарите,
4 живеат по гробовите и ноќе, на скришни места, јадат свинско, ставаат во садовите нечисти јадења.
5 И уште зборуваат: ‘Отстрани се! Не ми се приближувај за да не те посветам.’ Тие Ми се дим во носот, оган што гори постојано.
6 Еве, сè е напишано пред Мене: не ќе молкнам додека не им платам, додека не им платам во пазувите,
7 за беззаконијата ваши и на вашите татковци, на сите заедно - зборува Господ. Кои принесуваа кадење на горите и Ме хулеа на брежињата - ќе им измерам во крилото плата за поранешните дела.”