Исаија 65:8-14 MKB

8 Господ зборува вака: „Како што велат за сокот во гроздот: ‘Не уништувај го, во него е благослов!’ Така ќе направам и Јас заради Моите слуги, не ќе ги уништам сите.

9 Ќе изведам семе од Јакова, а од Јуда наследник на Моите гори; Моите избраници ќе ги наследат, и Моите слуги ќе се населат таму.

10 Сарон ќе стане пасиште за овците, а Ахорската Низина почивалиште за говедата - на Мојот народ, кој Ме бара Мене.

11 А вие, кои Го оставивте Господа, кои ја заборавивте Мојата Света Гора, кои му приготвувате стол на Гад, кои му налевате налевница на Мениј,

12 ве одредив за меч - ќе паднете ничкум, за да ве колат. Зашто ве викав, а вие не одговаравте, зборував, а вие не слушавте, туку вршевте што е зло во Моите очи, го избравте она што не е по Моја волја.”

13 Затоа Господ зборува вака: „Еве, Моите слуги ќе јадат, а вие ќе гладувате. Еве, Моите слуги ќе пијат, а вие ќе жеднеете. Еве, Моите слуги ќе се веселат, а вие ќе се срамите.

14 Еве, Моите слуги ќе се радуваат, од среќа во срцето, а вие ќе викате од болка во срцето, и ќе пиштите со скрушен дух.