Исаија 66:11-17 MKB

11 Надојте се и наситете се на градите на неговата утеха, за да се напиете и насладите на градите на неговата слава.”

12 Зашто Господ зборува вака: „Еве, ќе го навратам мирот врз нив како река, и како збуен поток богатството на народите. Ќе ги носам на раце неговите доенчиња и ќе ги милувам на колената.

13 Како што мајката го теши синот, така и Јас ќе ве утешам - ќе се утешите во Ерусалим.”

14 Кога ќе го видите тоа, срцето ќе ви се радува, и ќе ви процветаат коските како млада трева. Ќе се пројави Господовата рака на Неговите слуги и гневот над неговите непријатели.

15 Зашто, еве, Господ доаѓа со оган - воената кола Му е како виор - за да го излее Својот гнев во јарост и Своите закани во вжарен оган.

16 Да, Господ ќе му суди со оган и со меч на секој смртник: поразените од Господа ќе бидат мноштво.

17 „Оние кои се посветуваат и се чистат во градините зад оној еден на средина, кои јадат свинско, нечисто и глувци - сите ќе загинат заедно,” говори Господ.