Исаија 66:15-21 MKB

15 Зашто, еве, Господ доаѓа со оган - воената кола Му е како виор - за да го излее Својот гнев во јарост и Своите закани во вжарен оган.

16 Да, Господ ќе му суди со оган и со меч на секој смртник: поразените од Господа ќе бидат мноштво.

17 „Оние кои се посветуваат и се чистат во градините зад оној еден на средина, кои јадат свинско, нечисто и глувци - сите ќе загинат заедно,” говори Господ.

18 „Јас ги познавам добро нивните дела и нивните намери. Доаѓам да ги соберам сите народи и јазици, и тие ќе дојдат и ќе ја видат Мојата Слава!

19 Ќе им поставам знак и ќе ги испратам преживеаните од нив кон народите во Тарсис, Фул, Луд, Мошек, Рош, Тувал и Јаван - при далечните острови кои не чуле глас за Мене ниту ја виделе Мојата Слава - и тие ќе им ја навестуваат Мојата Слава на народите.

20 И ќе ги доведам сите ваши браќа од сите народи како принос на Господа - на коњи, на бојни коли, на носилки, на мазги и на едногрби камили - на Својата Света Гора во Ерусалим - зборува Господ - како што Израелевите синови принесуваат принос во чисти садови во Господовиот Дом.

21 И ќе си земам од нив свештеници, левити - зборува Господ.