18 „Јас ги познавам добро нивните дела и нивните намери. Доаѓам да ги соберам сите народи и јазици, и тие ќе дојдат и ќе ја видат Мојата Слава!
19 Ќе им поставам знак и ќе ги испратам преживеаните од нив кон народите во Тарсис, Фул, Луд, Мошек, Рош, Тувал и Јаван - при далечните острови кои не чуле глас за Мене ниту ја виделе Мојата Слава - и тие ќе им ја навестуваат Мојата Слава на народите.
20 И ќе ги доведам сите ваши браќа од сите народи како принос на Господа - на коњи, на бојни коли, на носилки, на мазги и на едногрби камили - на Својата Света Гора во Ерусалим - зборува Господ - како што Израелевите синови принесуваат принос во чисти садови во Господовиот Дом.
21 И ќе си земам од нив свештеници, левити - зборува Господ.
22 Зашто, како што новата небеса и новата земја, што ќе ги создадам, ќе траат пред Мене - слово е Господово - така ќе ви траат името и потомството.
23 Од нова месечина до нова месечина, од сабота до сабота, секое тело ќе доаѓа за да се поклони пред Моето лице - говори Господ.
24 Излегувајќи, ќе ги гледаат труповите на луѓето кои се одметнаа од Мене: нивниот црв не ќе умре, и нивниот оган не ќе угасне - ќе бидат гнасни на секое тело.”