Исаија 66:3-9 MKB

3 Кој коле вол, исто е како да убива луѓе; кој жртвува јагне, исто е како да сече врат на куче. Кој принесува жртва, исто е како да принесува свинска крв; кој кади, исто е како да му се моли на идолот. Како што тие ги избраа своите патишта и на душите им се мили нивните гадости.

4 Така и Јас ќе изберам за нив несакани неволји, ќе го пуштам на нив она од што се плашат. Зашто повикував, а никој не се одѕва, зборував, а никој не послуша, туку правеа што е зло во Моите очи, го избраа она што не Ми е по волјата.”

5 Послушајте го Господовото Слово, вие кои треперите од Неговиот Збор: „Зборуваат вашите браќа кои ве мразат и ве отфрлуваат заради Моето Име: ‘Нека се прослави Господ, па да ја видиме вашата радост.’ Но тие ќе бидат засрамени.”

6 Чуј, Врева од градот, глас од Храмот! Тоа е гласот на Господа, Кој им враќа на Своите непријатели.

7 „Пред да почне да се измачува, ете, родила. Пред да ги почувствува породилните болки, породила машко.

8 Кој чул такво нешто, кој видел такво нешто? Може ли земјата да биде населена во еден ден? Дали може народ да се роди одеднаш? А штом ги почувствува болките, Сионката роди синови!

9 Зар би го отворил Јас мајчиното крило а таа да не роди? - зборува Господ. Зар Јас - Кој го давам раѓањето, би ја затворил утробата?” вели твојот Бог.