Исаија 8:3-9 MKB

3 & се приближив на пророчицата, па таа зачна и роди син. Господ ми рече: „Наречи го Махер Шалал Хаш Баз,

4 зашто пред детето да почне да галеничи ‘тате’ и ‘мамо’, ќе ги однесат пред асирскиот цар сето богатство на Дамаск и пленот од Самарија.”

5 И Господ ми рече пак:

6 „Бидејќи народот ги отфрла тивко течечките води на Силоам, а трепери пред Ресин и пред Ремлиевиот син,

7 Господ ќе ја наврати на вас силната и голема вода Еуфрат - асирскиот цар и сета негова слава - и таа ќе излезе од своето корито, ќе се прелее преку своите брегови;

8 ќе навлезе во Јудеја, ќе се разлее и ќе ја преплави, ќе се искачи до нејзиното грло; и ќе ги рашири своите крила преку целата твоја земја, о Емануеле.

9 Здружете се само, народи, но ќе бидете здробени! Послушајте вие далечни цареви, вооружувајте се, ќе бидете раздробени, опашувајте се, ќе бидете раздробени!