Исаија 8:4-10 MKB

4 зашто пред детето да почне да галеничи ‘тате’ и ‘мамо’, ќе ги однесат пред асирскиот цар сето богатство на Дамаск и пленот од Самарија.”

5 И Господ ми рече пак:

6 „Бидејќи народот ги отфрла тивко течечките води на Силоам, а трепери пред Ресин и пред Ремлиевиот син,

7 Господ ќе ја наврати на вас силната и голема вода Еуфрат - асирскиот цар и сета негова слава - и таа ќе излезе од своето корито, ќе се прелее преку своите брегови;

8 ќе навлезе во Јудеја, ќе се разлее и ќе ја преплави, ќе се искачи до нејзиното грло; и ќе ги рашири своите крила преку целата твоја земја, о Емануеле.

9 Здружете се само, народи, но ќе бидете здробени! Послушајте вие далечни цареви, вооружувајте се, ќе бидете раздробени, опашувајте се, ќе бидете раздробени!

10 Договорувајте се, договорот ќе ви биде уништен, советувајте се само, ќе биде напразно, зашто Бог е со нас!”