Исаија 8:9-15 MKB

9 Здружете се само, народи, но ќе бидете здробени! Послушајте вие далечни цареви, вооружувајте се, ќе бидете раздробени, опашувајте се, ќе бидете раздробени!

10 Договорувајте се, договорот ќе ви биде уништен, советувајте се само, ќе биде напразно, зашто Бог е со нас!”

11 Зашто, Господ ми рече вака, кога ме фати со раката и кога ме опомена да не одам по патот по кој оди овој народ, велејќи:

12 „Не наречувајте го завера сè она што овој народ го вика завера; не плашете се од она од што се бои тој и немајте страв.

13 Господ над Воинствата - единствено Тој нека ви биде свет; бојте се единствено од Него, нека ве проникне стравот од Него.

14 Тој ќе ви биде стапица и камен на сопнување и стена на соблазнување за двете Израелеви куќи, стапица и мрежа за сите Ерусалимци.

15 Мнозина од нив ќе се сопнат, ќе паднат, ќе се разбијат, ќе се заплеткаат, ќе бидат фатени.”