1 Давидов псалм. Да запеам за добрината и правдата, да Ти засвирам, Тебе, Господи!
2 Ќе размислувам за патот на совршенството: кога ќе дојдеш при мене? Ќе одам со невино срце во својот дом.
3 Не ќе оставам, пред моите очи, ништо подмолно. Мразам човек кој прави зло: тој не ќе биде покрај мене.
4 Развратно срце ќе биде далеку од мене; не сакам да знам за ништо нечесно.
5 Кој го клевети скришно својот ближен, него ќе го погубам. Човек со горди очи и со надуено срце јас не трпам.
6 Погледот го свртувам кон верните на земјата, за да живеат со мене. Кој оди по прав пат, тој ќе ми служи.
7 Не ќе живее во мојот дом, кој постапува подмолно. Кој зборува лага, нема да остане пред моите очи.
8 Секој ден ќе ги сотирам сите злосторници во земјата; ќе ги истребам од Господовиот Град, сите што прават беззаконие.