1 Песна на воздигање. Кога Господ ги враќаше сионските заробеници, ни беше како да сонуваме.
2 Устата ни беше полна со смеење, а јазикот со пеење. Тогаш меѓу народите се зборуваше: „Господ направи големи дела за нив!”
3 Господ ни направи големи дела: пак сме радосни!
4 Врати ги, о Господи, нашите заробеници, како негевските потоци!
5 Оние што сејат со солзи, жнијат со песни.
6 Одеа со плачење, носејќи го семето за сеење: навистина ќе се враќаат со песна, носејќи ги своите снопови.