1 Благодарете Му на Господа, зашто е благ: Вечна е Неговата милост!
2 Благодарете Му на Бога над боговите: Вечна е Неговата милост!
3 Благодарете Му на Господарот над господарите: Вечна е Неговата милост!
4 Единствено Тој прави големи чудеса: Вечна е Неговата милост!
5 Тој ги создаде премудро небесата: Вечна е Неговата милост!
6 Тој ја зацврсти земјата над водите: Вечна е Неговата милост!
7 Тој ги направи големите светила: Вечна е Неговата милост!
8 Сонцето да владее со денот: Вечна е Неговата милост!
9 Месечината и ѕвездите да владеат со ноќта: Вечна е Неговата милост!
10 Тој ги погуби првородените во Египет: Вечна е Неговата милост!
11 Го изведе Израел од среде него: Вечна е Неговата милост!
12 Со силна рака со испружена мишка: Вечна е Неговата милост!
13 Тој го раздвои Црвеното Море: Вечна е Неговата милост!
14 Го преведе Израел низ неговата средина: Вечна е Неговата милост!
15 И ги фрли: Фараонот и неговите војски во Црвеното Море: Вечна е Неговата милост!
16 Тој го водеше Својот народ низ пустината: Вечна е Неговата милост!
17 Тој ги удри големите цареви: Вечна е Неговата милост!
18 И погуби големи цареви: Вечна е Неговата милост!
19 Аморејскиот цар Сион: Вечна е Неговата милост!
20 Васанскиот цар Ог: Вечна е Неговата милост!
21 И нивната земја му ја даде во наследство! Вечна е Неговата милост!
22 Во наследство на Израел, на Својот слуга: Вечна е Неговата милост!
23 Тој си спомна за нас, во нашето понижување: Вечна е Неговата милост!
24 Нè ослободи од нашите непријатели: Вечна е Неговата милост!
25 Тој му дава храна на секое тело: Вечна е Неговата милост!
26 Славете Го небесниот Бог, зашто Неговата милост е довека!