Псалми 108 MKB

1 Песна. Давидов псалм. Моето срце е непоколебливо, Боже, ќе пеам и ќе свирам со душата моја.

2 Разбуди се, псалтиру и харфо! Ќе ја разбудам утринската зора.

3 Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Ти пеам меѓу племињата,

4 зашто Твојата добрина е повисока од небото, Твојата вистина е до облаците.

5 Возвиши се, Боже, над небесата, Твојата Слава нека е над целата земја!

6 За да се избават Твоите возљубени, спаси со Својата десница, и услиши ме!

7 Бог рече во Своето Светилиште: „Ќе го разделам Сихем, воскликнувајќи, ќе ја измерам долината Сокхот.

8 Мој е Галад, Мој и Манасиј, Ефрем Ми е кацига, Јудеја - Мое жезло!

9 Моав Ми е мијалник, Мојата обувка ќе ја фрлам врз Едом, ќе ја славам победата над Филистејците!”

10 Кој ќе ме доведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе до Едом?

11 Зар не сакаш Ти, о Боже, што нè отфрли? Зар не сакаш повеќе, Боже, со нашите чети?

12 Помогни ни против непријателите, зашто е ништожна човечката помош!

13 Храбро ќе се бориме, со Божја помош, Бог ќе ги згази нашите непријатели.