1 Давидов псалм. Господова е земјата и сè што е на неа, светот и сите кои живеат во него.
2 Зашто Тој го основа над морињата и го зацврсти над реките.
3 Кој ќе се искачи на Господовата Гора, кој ќе застане на Неговото свето место?
4 Оној, кој има чисти раце и невино срце; кој не и ја предаде својата душа на суетата и кој не се заколнува лажно.
5 Тој прима благослов од Господа, и правда од Бога, својот Спасител.
6 Такво е поколението на оние, што Го бараат Него, што го бараат лицето на Јакововиот Бог.
7 Поткренете ги врати своите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!
8 Кој е тој Цар на Славата? моќниот и силниот Господ, Господ силен во бој!
9 Поткренете ги врати вашите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!
10 Кој е тој Цар на Славата!? Господ над Воинствата - Тој е Цар на Славата!