1 На пејачкиот началник. Давидов псалм. Се надевам на Господа! Зошто тогаш и велите на мојата душа: „Одлетај во гората, како птица!”
2 Бидејќи, ете, нечесните го оптегнаа лакот, ги запнаа стрелите за тетивите, за да ги застрелаат, во темнина, оние, што се со право срце.
3 Кога се расипани основите, што ќе прави праведникот?
4 Господ е во Својот свет Храм; Господовиот престол е на небесата. Неговите очи гледаат, Неговите трепки ги испитуваат човечките синови.
5 Господ ги испитува: праведниот и неправедниот, од дното на душата го мрази силникот.
6 Ќе излее жар и сулфур врз грешниците, огнен ветер ќе им биде дел од нивната чаша.
7 Зашто Праведниот Бог ја љуби правдата; праведникот ќе го гледа Неговото лице.