Псалми 16 MKB

1 Давидова песна. Пази ме, Боже, зашто се надевам на Тебе.

2 Му реков на Господа: „Ти си мој Господ; нема блаженство без Тебе.”

3 Во светите на земјата и во избраните, во нив е сета моја радост!

4 Ќе се умножат жалостите на оние, кои следат туѓи богови; нема да ги принесам нивните крвни приливи, ниту со својата уста ќе ги земам нивните имиња.

5 Господ е дел на моето наследство и мојата чаша. Ти го запазуваш моето достоинство.

6 Мојот дел зафати пријатни места; да, добив прекрасно наследство!

7 Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па и ноќе моето срце ме советува.

8 Господ ми е секогаш пред очите; бидејќи ми е од десната страна, нема да се сопнам.

9 Затоа ми се зарадува срцето и се развесели мојата слава, а моето тело се одмора во надеж.

10 Зашто нема да ја оставиш мојата душа во Подземјето, ниту ќе дозволиш твојот светец да види гниење.

11 Ќе ми го покажеш патот на животот, во Твоето присуство има полнота на радоста, десно од Тебе - вечно блаженство.