1 Песна на воздигање. „Многупати ме измачуваа од младоста” - нека рече сега Израел.
2 „Многупати ме измачуваа од младоста, но не ме совладаа.
3 Врз моите плеќи: орачи ораа и тргаа долги бразди,
4 но праведниот Господ им ги пресече јажињата на нечестивите!”
5 Нека се засрамат и нека се повлечат сите кои го мразат Сион!
6 Нека бидат како трева врз покрив, што овенува пред да ја откорнат.
7 Жетварот не ја наполнува раката со неа, ни нарачјето оној што ги врзува сноповите.
8 А минувачите нема да речат: „Господовиот благослов над вас! Ве благословуваме во името на Господа!”