1 На бреговите на вавилонските реки седевме и плачевме, спомнувајќи си за Сион;
2 на врбите наоколу ги обесивме нашите псалтири.
3 И тогаш нашите поробувачи побараа од нас да пееме, нашите поробувачи побараа да се веселиме: „Испејте ни една од сионските песни!”
4 Како да ја пееме Господовата песна во туѓа земја!
5 Нека ми се осуши мојата десница, Ерусалиме, ако те заборавам тебе!
6 Нека ми се залепи јазикот за непцето, ако твојот спомен го превидам кога и да е, ако не го возвишам Ерусалим над секоја моја радост!
7 Не заборави им, Господи, на Едомовите синови, како во Ерусалимов ден, тие викаа: „Рушете! Разурнете го до темели!”
8 Вавилонска ќерко, што ќе бидеш запустена, блажен е оној, кој ќе ти врати: За сè што ни си сторила.
9 Блажен е оној, кој ќе ги грабне и ќе ги разбие на камен твоите младенци!