1 Песна на воздигање. Кога бев во неволја, извикав кон Господа, и Тој ме послуша.
2 Господи, избави ми ја душата од лажливи усни, од измамлив јазик!
3 Што ќе Ти даде Тебе и што ќе Ти придаде измамливиот јазик?
4 Со остри стрелички од војнички раце и со вжарено јаглење од метлика.
5 Тешко ми мене што треба да престојувам во Месех, и да живеам во Кидарските Шатори!
6 Предолго треба мојата душа да живее со мразителите на мирот.
7 Кога зборувам за мирот, тие се за војна.