1 Безумникот рече во своето срце: „Нема Бог!” Се расипаа; нивните дела се гнасни нема кој да прави добро.
2 Господ гледа од небесата на човечките синови за да види дали има некој разумен: кој да Го бара Бога.
3 Сите свртија заедно, сите се расипаа; нема кој да прави добро, нема ниеден.
4 Зар нема да се вразумат сите, кои беззаконуваат, кои ги голтаат Моите луѓе како да јадат леб? И не Го повикуваат Господа?
5 Таму ќе затреперат од голем страв, зашто Бог е во праведно поколение.
6 Ги засрамивте намерите на бедниот; но Господ е негово прибежиште.
7 О, нека дојде од Сион, спасението на Израел! Кога Господ ќе ги врати заробениците од Својот народ, тогаш ќе се зарадува Јаков и ќе се развесели Израел.