1 На пејачкиот началник. Давидов псалм. До кога, Господи, ќе ме забораваш сосем? До кога ќе го криеш Своето лице од мене?
2 До кога ќе слагам совети во мојата душа, тага во срцето секој ден? До кога ќе се издига мојот непријател над мене?
3 Погледни, послушај ме, Господи, Боже мој! Просветли ги моите очи за да не заспијам во смрт;
4 За да не рече мојот непријател: „Го надвив!” Да не се радуваат моите противници, кога ќе се поколебам.
5 Јас се надевам на Твојата милост; моето срце ќе се радува во Твоето спасение.
6 Ќе Му пеам на Господа, Кој ме награди.