1 Господи! Колку многу се моите противници, колку многу се креваат против мене!
2 Мнозина се што зборуваат за мојата душа: „Нема за него спасение при Бога!”
3 Сепак, Господи, Ти си мој штит, моја слава, Ти ми ја воздигна главата.
4 Со глас извикав кон Господа и Тој ме послуша од Својата Света Гора.
5 Јас легнувам, спијам и се разбудувам, зашто Господ ме чува.
6 Не се плашам од десетици илјади луѓе, што се нафрлаат на мене од сите страни.
7 Стани, о Господи спаси ме, о мој Боже! Ти ги удираш по образи сите мои непријатели, им ги кршиш забите на нечесните.
8 Спасението е во Бога: Твојот благослов е над Твојот народ.