1 Давидова песна за воздигање. О Господи, моето срце не се гордее, ниту моите очи се воздигаат. Не одам по големи нешта, ни по чудата што се над мене.
2 Не, јас се смирив и ја успокоив мојата душа; како доенче врз мајчини гради, како доенче е мојата душа во мене.
3 Надевај се на Господа, Израеле, отсега и довека!