14 Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав.
15 Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет;
16 штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни.
17 Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите,
18 над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнат.
19 Господ го постави Својот престол на небо, и Неговото Царство владее над сè.
20 Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово!