2 Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства:
3 Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести;
4 Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов;
5 Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот.
6 Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата,
7 на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела.
8 Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив.