8 Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив.
9 Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека.
10 Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија.
11 Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него.
12 Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија.
13 Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.
14 Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав.