1 Благословувај Го Господа, душо моја! Господи, Боже мој, Ти си многу велик! Облечен си со величество и убавина!
2 Наметнат со светлина како со наметка! Небото го оптегна како шатор,
3 ги изгради Твоите дворци над водите. Ја правиш Својата кола од облаци, патуваш врз крилјата на ветровите.
4 Ги правиш ангелите Свои духови, а вжарениот оган за Твои слуги.
5 Земјата ја постави врз нејзините основи, не ќе се разлулее низ вечни времиња.