11 Тие ги напојуваат сите полски животни, дивите ослиња ја гаснат жедта во нив.
12 Небесните птици се гнездат покрај нив, и пеат меѓу гранките.
13 Ти ги натопуваш планините од Твоите дворци, земјата се наситува од плодовите на Твоите раце.
14 Ти правиш да никне трева за добитокот, и зеленчук за потребите на човекот, за да вади леб од земјата.
15 И вино, што го развеселува човечкото срце; да го освежи лицето со масло, и лебот да го зајакне човековото срце.
16 Господовите дрва се наситија со храна, ливанските кедри, што Тој ги посади.
17 Таму се гнездат птиците, а елките се живеалиште на штркот.