14 Ти правиш да никне трева за добитокот, и зеленчук за потребите на човекот, за да вади леб од земјата.
15 И вино, што го развеселува човечкото срце; да го освежи лицето со масло, и лебот да го зајакне човековото срце.
16 Господовите дрва се наситија со храна, ливанските кедри, што Тој ги посади.
17 Таму се гнездат птиците, а елките се живеалиште на штркот.
18 Високите планини им даваат засолниште на дивите кози, а пештерите на јазовците.
19 Ти ја создаде месечината, за да ги означува времињата, и сонцето знае каде треба да зајде.
20 Кога ја распростираш темнината и ноќта се спушта, тогаш низ неа скришно шетаат горските животни.